Зошто во текот на пандемијата наоѓаме утеха во дистописки приказни?

Зошто во текот на пандемијата наоѓаме утеха во дистописки приказни?

Додека Ковид-19 продолжува да сее жртви, да затвора цели индустрии, да им отежнува на здравствените системи и да се заканува со сериозни рецесии, дистописките наративисе популарни со јавноста како никогаш досега.

WWF4MK A lone person walking down steps in One New Change, in the city of London

33-годишник прочитал четири пост-апокалиптични книги, меѓу кои и „Станица единаесет“ од Емили Сент Џон Мандел, роман од 2014 година за патувачка театарска група која патува низ светот опустошен од епидемија. За  Шенк ваквата фикција е олеснување, делумно затоа што го потсетува дека без оглед колку глобалната пандемија „Ковид-19“ е мрачна, работите би можеле да бидат уште полоши. Oсобено го привлекува издржливоста на ликовите, бидејќи не само што преживуваат, туку се обидуваат да најдат и смисла после катастрофата.

-Во „Станица Единаесет“, актерите изведуваат претстави со какви и да било материјали што можат да ги најдат. Ме натера да размислувам за тоа како би се снашол во таква ситуација. Не е баш инспиративно, но обезбедува чувство на подготвеност – објаснува Шенк.

Делата како „Станица единаесет “ се категоризирани како дистопии, каде имагинарни општества се растргнати од моќни сили како што се насилство, опресија, технологија, религија, болест или природни катастрофи. Наменети да ги преувеличуваат искуствата од реалниот свет, дистописките наративи во литературата, видео игрите, телевизиските серии и филмот прикажуваат мрачен поглед кон човештвото. Но, тие исто така имаат и улога на предупредувања за тоа до што може да дојде ако го одржуваме статус квото.

Игри

Глобалните преземања на Plague Inc, во 2012 година, игра која ги охрабрува играчите да шират болест ширум светот пред да се најде лек, се зголемени на 123% на годишно ниво од јануари до март оваа година, како што „Ковид-19“меѓународно се ширеше. Нејзиниот создавач со седиште во Велика Британија, Ndemic Creation, се осврна на популарноста на играта: „Секогаш кога има појава на болести, се случува зголемување на бројот на играчи бидејќи луѓето бараат да дознаат повеќе за тоа како се шират болестите и да ја разберат сложеноста на вирусните појава“, рече компанијата.

Холандската тинејџерка Десели ван Дам, која живее во градот Харлем, вели дека започнала да ја игра играта во април, од чиста досада за време на карантинот. Сепак, она што започнало како задоволство, наскоро станало едукативно искуство.

-Научив дека вирусот е многу повеќе од болест која мутира – вели 19-годишната Десели ван Дам. „Пред ова, навистина не размислувавме за тоа колку е комплицирана неговата ДНК структура. Играта ме натера да ги отворам очите за  тоа колку вирусот може да е моќен во погрешни раце“.

Во јануари, Plague Inc. стана најпродаваната апликација во Кина, но во март, Ndemic Creation откри дека играта е отстранета од тамошните апликации со образложение дека „вклучува содржина што е нелегална во Кина“.

Компанијата тогаш одлучила да испроба поинаков пристап, и објавила дека работи на нова верзија на Plague Inc која им овозможува на корисниците да го спасат светот од епидемија, наместо да шират зараза. Оваа верзија ги става во позиција играчите да ја следат прогресијата на болестите, да ги зајакнат здравствените системи и да управуваат со општествата преку карантинизирање, социјална дистанца и затворање на јавните услуги.

 

Виртуелна реалност

Хипер-реалните слики од урбаниот хаос или oпустошените остатоци од претходниот начин на живот прикажани во овој жанр не се само естетски заводливи, тие ѝ нудат на публиката и можност безбедно да се втопи во најлоши сценарија, без притоа да изгуби контрола.

Кога Торонто официјално започна да се затвора во средината на март, Канаѓанецот Дев Шахмани сакал да има некаква идеја за тоа колку тешки може да бидат последиците на коронавирусот. Како и безброј други, 32-годишниот шахмани го гледал Contagion на Стивен Содерберг, холивудски трилер во 2011 година за измислен вирус наречен МЕВ-1 што предизвикува пандемија во светот. Дистрибутерот на филмот Ворнер Брос рече дека во декември 2019 година, филмот се рангирал на 270-то место во својот каталог. Само неколку месеци подоцна, филмот е на втората позиција, а забележува успех и на Amazon Prime и на iTunes.

RYYH33 JACOBY-HERON,DAMON, CONTAGION, 2011

„Луѓето посегнуваат до дистописки приказни за да видат што е следно“, објаснува Треандреа Русворм, вонреден професор по англиски јазик, кој предава Дистопија во новите медиуми на Универзитетот во Масачусетс, Амхерст. „Импулсот е да се види колку ситуацијата е навистин лоша а и да се запрашаме дали би можеле хипотетички да го преживееме тоа“.

Не е само темата тоа што ги привлекува луѓето, туку и природата на дистопиското раскажување е она што навистина ја плени публиката за време на криза. Овие приказни традиционално се раскажуваат од гледна точка на жителите во руинирани општества, што им овозможува на луѓето да се втопат во предизвиците со кои се соочуваат протагонистите, вели Даниел Дејвисон-Векијоне, социјален теоретичар и докторант по социологија на Универзитетот во Кембриџ.

На пример, во реномираната телевизиска серија „Black Mirror“, секоја епизода следи лик чии искуства ја пренесуваат моралната деградација на општеството на начин кој привлекува гледачи. Оваа перспектива на поглед-на-инсајдер ни овозможува да „добиеме богато текстурирано чувство за тоа како би било кога нашиот живот би бил обликуван од тие настани и социјални и политички структури – вели Дејвисон-Векијоне.

 

Моќта кај луѓето

Откако гледачите или читателите ќе се справат со проблемите во дистопија, многумина се чувствуваат инспирирани да дејствуваат за да го спречат материјализирањето на овие најлоши сценарија. Hunger Games ги инспирираше младите фанови да се вклучат во кампањите за социјална правда, додека жените во Аргентина, Ирска и САД се облекувaа како ликовите од „The Handmaid’s Tale“ за време на протестите во 2018 година против ограничувањата на репродуктивните слободи.

TA4P3K Women rally in Chicago’s Federal Plaza to protect women’s reproductive freedom in the face of many states passing strict abortion bans. The protesters gathered in the plaza at 5:00pm, listened to speeches and then marched through the loop led by dozens of women dressed as handmaids from Margaret Atwood’s dystopic novel, The Handmaid’s Tale.

Во студија објавена кон крајот на 2018 година, истражувачите Калверт В. Џонс од Универзитетот во Мериленд и Селија Париз од Универзитетот во Торонто откриле „конзистентни докази“ дека дистописка фикција влијае на политички ставови во реалноста. Жанрот ја зголемува подготвеноста на луѓето да го оправдаат радикалниот и насилниот активизам во однос на перцепираната неправда, тврди студијата.

Во моментов, препораките за затвореност и социјална изолација ги попречуваат традиционалните форми на активизам, но дистопиите сè уште можат да создадат трансформативни акции. Реципиентите може да бидат поттикнати да прашаат зошто одредена група е поранлива на „Ковид-19“ или да разгледаат структури што можат да го попречат развојот на вакцина, според Дејвисон-Векијоне.

 

Потенцијална закана

За луѓето кои се соочуваат со предизвици со менталното здравје, дистопијата може да направи повеќе штета отколку корист.

Ако некој се чувствува презаситено и загрижено за иднината, дистописките приказни би можеле да ги влошат таквите грижи, предупредува клиничкиот психолог со седиште во Мумбаи, Сонали Гупта, автор на книгата „Анксиозност: Да се надмине тоа и да живее без страв“. Ако дистописките медиуми се доживуваат како потенцијална закана, „тоа би можело луѓето да ги доведе во катастрофа“, вели таа.

Голем број нејзини клиенти пријавиле напади на паника во текот на изминатите шест недели, вели Гупта и за време на сесиите на терапијата, таа често разговара за тоа каков однос имаат кон информациите од медиумите. „Луѓето се борат со колективна траума и тага“, вели таа. „Многумина ја потценија енормноста и влијанието што ќе го има Ковид-19 врз нивните животи, така што се појавуваат чувства на шок, беспомошност и неизвесност“.

Наместо да ги советува своите пациенти да избегнуваат одредени жанрови, Гупта им наредува да бидат свесни за нивните емоции и соодветно да избираат. „Треба да бидеме реални и свесни за сопствените емотивни состојби затоа што истата емисија или книга е способна да активира различни емоции кај различни луѓе“, вели таа.

За Десели ван Дам, којa се бори со проблеми со менталното здравје, видео-играта Plague Inc претставува неочекуван извор на поддршка. “Во минатото, се чувствував исплашено од губење на контролата во животот, но кога ја играм играта, имам чувство дека го контролирам целиот свет. Повеќе не чувствувам потреба да имам контрола на сè, но ако имам можност да го сторам тоа, ќе го сторам “.

Инструмент за промена?

Додека очигледниот песимизам кај повеќето дистопии може да предизвика вознемиреност, одредени приказни будат надеж. Многу современи наративи, вклучително и серијата The Walking Dead се фокусираат на нихилизам или секојдневно преживување, без поттик за промени, но класиците како што е Parable  на Октавија Батлер содржат утописки елементи, како што е движењето на отпор кој се бори за подобра иднина.

Сепак, тоа не мора да биде дадено, предупредува Треандреа Русворм. „Луѓето треба да бидат свесни за тоа што критикуваат овие дистопии за да имаат корист од нив. Дистопиите пренесуваат јасни пораки, за неуспешните влади или моќните корпорации, па ако не сте внимателни, можете да завршите како пасивен примател. Треба постојано да ги поврзуваме дистопиите со нашите животни искуства “.

И за да се предизвика вистинската промена, важно е на луѓето да им бидат претставени одржливи алтернативи.

„Ни требаат повеќе приказни кои наоѓаат начини како да ги надминеме нашите најлоши инстинкти и нудат патокази“, вели Хиџир Џунаини филмски и телевизиски критичар од Сингапур, кој истовремено е и домаќин на подкаст за поп култура наречен Жанрова Еднаквост. „Лесно е за дистописките наративи да се развијат во темнината и депресијата, но далеку е потешко да се понудат решенија и работите да се направат фундаментално подобри“

Нишка Шандран

Извор: Би-би-си
превод: Лени Фрчкоска