ВИДЕО: Иџе се сретна со Филипче и му даде подарок, па ги „запали“ улиците на Скопје

ВИДЕО: Иџе се сретна со Филипче и му даде подарок, па ги „запали“ улиците на Скопје

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, ги „запали“ скопските улици за време на полицискиот час во знак на поддршка на сите здравствени работници кои водат борба со ковид-19, а исто така се сретна и со Министерот за здравство.

Пред да почне со возењето, Иџе имаше средба со Венко Филипче и му даде подарок. Се работи за маица на која стоеше „херои“, како благодарност за сите здравствени работници и за полицијата и за сè што прават за време на кризата со ковид-19.

Двајцата си посакаа оваа пандемија што побрзо да заврши и да излеземе како победници, а Министерот се пошегува на сметка на Иџе, па му возврати – „кога градот ќе биде полн, нема да можеш вака да возиш“.

Двојниот европски шампион вози по веќе одредена рута (Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош) и доби поддршка од сите жители на овие општини.

Претходно, Иџе му се заблагодари и на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и полициските работници, кои дадоа безрезервна поддршка за идејата на нашиот автомобилист да биде успешна.

Извор: Гол.мк