(ВИДЕО) 360° Ковид-19: Македонија го надмина врвот на заразата, но не и на смртните случаи

(ВИДЕО) 360° Ковид-19: Македонија го надмина врвот на заразата, но не и на смртните случаи

На 22 март 2020 година беше потврден првиот смртен случај од ковид-19 во Македонија. Од тој датум, црниот биланс стигна до 113 смртни случаи од новиот коронавирус. Едно од најзначајните прашања во сите погодени држави од ковид-19 е дали бројката на нови смртни случаи се намалува или се зголемува. Еве како стојат работите во земјава.

Според податоците кои „360 степени“ ги доби од Институтот за јавно здравје, првиот смртен случај од ковид-19 во земјава се случил во 12-тата недела од годинава. Бројот на нови смртни случаи на неделно ниво потоа расте на 5, па на 17 случаи. Оттогаш не може да се врзат ни две седмици една по друга во кои растел или опаѓал бројот на смртни случаи. Тој постојано оди горе – долу.

Па, дали може да се зборува за тренд на намалување?

 

вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Еднакво важно прашање со она за трендот на нови смртни случаи, е – колкава е смртноста од болеста во Македонија. Но, пред да се погледнат бројките, треба да се научи една „медицинска“ лекција – што значи морталитет, а што значи леталитет.

Епидемиологот и раководител на Секторот за контрола и следење на заразни болести во Институтот за јавно здравје, Гордана Кузмановска, вака ги објаснува термините:

„“,

вели примариус д-р Гордана Кузмановска, специјалист епидемиолог.

Така, според дефиницијата за морталитет, земјава има 54 починати од ковид-19 на еден милион жители. Тоа е највисок морталитет во соседството и екс-ју државите. Најблиску е Словенија, со 51 починат на 1 милион жители, а најдалеку е Албанија со само 11 регистрирани починати на еден милион жители.

Но, Кузмановска вели дека оваа споредба мора да се земе со доза на резерва.

„“,

објаснува д-р Гордана Кузмановска.

Во пракса, споредбите само според морталитетот, значи дека Македонија е „полоша“ од соседството, ама е далеку подобра од многу западни земји.

На пример, од Финска (55), од Австрија (71), од Германија (100), Швајцарија (220). Шведска (396), Франција (435), Италија (542) се дел од земјите што имаат и десетпати повеќе жртви на еден милион жители од Македонија.

Една причина за повисоките бројки на морталитет во земјава во споредба со регионот, е токму начинот на евиденција, вели Филипче.

вели Филипче.

Втората многу важна причина за големите разлики во морталитет меѓу земјите е бројот на заразени лица. Затоа, за здравствените власти е клучен леталитетот, односно бројот на починати од вкупниот број заразени од короновирусот.

 

 

Последните здравствени статистики покажуваат дека во земјава има 447 активни случаи. Досегашното искуство вели дека тројца од четворица заболени ќе го прележат вирусот дома, а еден од секои четворица ќе заврши во болница. Од хоспитализираните, секој петти завршува со смртен исход.

Извор: 360 Степени