Страв од летање

Страв од летање

Според стравот што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно го манифестира од можноста наскоро да се излезе на избори, не може да се заклучи ништо друго освен дека тамошните очекувања од резултатите се – изборен пораз.

Да речеме дека е тоа точно и дека тој страв им е оправдан. За секое партиско раководство тоа значи соочување со персоналните политички последици по поразот, со преземањето одговорност за поразот. Би било за очекување дека, во таква ситуација, партијата би морала да се праша во што е проблемот и што треба внатре, во самата партија, да се менува?

„Длабочината“ на таа неопходна постизборна интроспекција можеби е и суштината на сегашниот страв од избори?

Сепак, не е за верување дека и повторен изборен пораз ќе ја натера опозицијата да се замисли врз сопствената внатрепартиска реформа.

Имено, реформите се секогаш врзани и, всушност, почнуваат со кадровски промени, почнувајќи од претседателот на партијата. Доколку ги изгуби изборите, сегашната позиција на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ ќе стане неодржлива. Неговата претпоставена оставка ќе ги покрене статутарните механизми за бирање на ново раководство, но партијата во изминатите три години успешно, прилично темелно се „исчисти“ од внатре од сите оние кои можеа да претставуваат закана по сегашната партиска врхушка, која и вака одржува деликатен баланс на меѓусебните сили. Она што е останато како влијателни структури во партијата – од што ќе се „регрутира“ составот на луѓето кои би го предлагале и бирале новиот претседател, односно за тоа каде ќе заврши „партискиот печат“ – се, повеќето, уште порадикални струи по сите важни демократски и политички прашања од она што го претставува самиот Мицкоски. Неговото досегашно претседателствување е, всушност, резултат на компромисот со овие структури, за сметка на формалното или неформалното отстранување на сите поумерени вмровци од можноста да влијаат врз идеолошките и практичните политики на партијата. И нејзиното неславно, скорешно минато.

Koлумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука