Рекордно мал број загинати во сообраќајни несреќи во Германија

Рекордно мал број загинати во сообраќајни несреќи во Германија

– Рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на коронавирус го намалија месечниот број на загинати во сообраќајни незгоди во Германија на рекордно ниско ниво.

Официјалните бројки, објавени денеска, покажуваат дека 158 лица починале во сообраќајни незгоди во март, во споредба со 234 загинати во истиот месец лани.

Сојузниот завод за статистика соопшти дека станува збор за најмал број на смртни случаи за еден месец откако Германците гласаа за повторно обединување во 1990 година.

Германија во март воведе значителни ограничувања на движењето на луѓето за да го ублажи ширењето на коронавирусот.

Вкупниот број сообраќајни несреќи во Германија се спушти на 166.000 во март, што е намалување за 23 проценти во однос на истиот месец во 2019 година.