Рецепт: Млечен леб

Рецепт: Млечен леб

Состојки
300мл млеко
500гр брашно
1/2 коцка свеж квасец
1 супена лажица оцет
1 кафено лажиче шекер
1/2 кафено лажиче сол
50мл масло
за премачкување
70мл млеко
сусам по потреба
за после печење
50 мл вода
20мл масло

Во длабок сад ставете го брашното додадете сол, оцет, шеќер, маслото и квасецот.
Млекото загрејте го да биде млеко и замесете тесто да биде по намеко доколку има потреба додадете брашно.
Тестото месете го додека биде мазно и оставете да стаса околу 30 минути.
Од тестото оформете две долгнавести векни леб и ставете ги во тавче на хартија.
На лебот направете му неколку црти и со четка премачкајте го млеко ставете сусам одозгора и во текот на стасувањето премачкувајте го со млеко се додека се потроши млекото.
За двете векни треба да потрошите околу 70-80 мл млеко.
Печете на 180 степени додека добие убава румена боја а потоа намалете на 160 .
Печењето е зависно од рерната.
Испечениот леб премачкајте го со малку вода и масло и покријте со најлонска фолија да омекне.
На здравје !!

Извор: Мои рецепти