Петрова: Во услови на вонредна состојба и полициски час, да повлечеш 80тина полициски возила и 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење

Петрова: Во услови на вонредна состојба и полициски час, да повлечеш 80тина полициски возила и 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење

-Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење!!!Зарем полициските службеници кои веќе 2 месеци деноноќно се на терен треба да бидат искористени како статисти за снимање спот? Ова ли е начин да се штитат правата на вработените? Вака не треба, ова е погрешно! – напиша на фејсбук заменик министерка за внатрешни работи како коментар на снимање на спот за потребите на Министерството за внатрешни работи за одбележување на Денот на полицијата 7-ми мај.