Откажан концертот на Плацебо во Скопје

Откажан концертот на Плацебо во Скопје

Концертот на Плацебо во Скопје закажан за 25 јуни на армискиот стадион нема да се случи, а откажани се и сите други нивни концерти во рамки на турнејата за 2020-та година, соопшти Авалон Продукција.

Се работи на датуми за нова турнеја за идната 2021 година, а повеќе за тоа ќе се знае во средината на септември.

Сите оние кои купиле билети и не сакаат да чекаат, ќе можат своите пари да си ги добијат назад од идната среда, 27-ми мај, од 09 часот наутро. Рефундацијата ќе се врши на начин и на местото од каде што се купени билетите.