ОЈО потврди: Четворица вработени во МВР повикани да дадат исказ за издавање снимки од ПИ-мерки

ОЈО потврди: Четворица вработени во МВР повикани да дадат исказ за издавање снимки од ПИ-мерки

Од Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „360 степени“ потврдиле дека четворица вработени во Министерството за внатрешни работи се повикани да дадат исказ поради поврзаност со случај на издавање податоци и снимки од посебни истражни мерки. На четворицата им се одземени мобилните телефони и се предадени на вештачење.

Неофицијално, станува збор за оддавање снимки направени со посебни истражни мерки во случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет, па ослободен од судот експремиерот Зоран Заев. Снимките се направени во 2014 година, а пред извесно време се објавени на некои портали во земјава.

Повеќе