Недостатокот од сексуално образование резултира со многу рано впуштање во сексуални односи

Недостатокот од сексуално образование резултира со многу рано впуштање во сексуални односи

Девојчиња и момчиња имаат сексуални односи на сѐ помала возраст. На 12 години се најмладите, кои во Македонија почнале да имаат сексуален однос. Мое мислење е дека тоа се должи на начинот на кој се расте во општеството. Во мое време, алкохол се пиеше на 18 години. Сега знам деца кои имаат 13 години и секој петок се пијани – рече волонтерот во ХЕРА, Виктор Дамјановски на дводневната обука од областа на сексуалното и репродуктивното здравје на ХЕРА во Скопје, на која учествуваа млади од повеќе градови од Македонија.

Тешко било да се каже од каде инспирација за толку рано одлучување на таков чекор, смета тој. Како што рече тој, младите не зборуваат за тоа.

Волонтерката Драгана Терзиќ смета дека за тоа е виновна неедукацијата на децата.

– Децата не се свесни за ништо и сакаат само да пробаат и да експериментираат. Ако се посвесни за последиците кои се можни, за непосакуваната бременост и за инфекциите, најверојатно ќе почнат подоцна да бидат сексуално активни – вели Терзиќ.

Волонтерот Стефан Петровски пак рече дека во земјите со современо сексуално образование информацијата дека во Македонија таквите теми се уште се избегнуваат и не се дел од образованието предизвикува збунетост и неверување.

Неодамна различни студии за сексуалното образование во Холандија покажаа како преку различен и одгворен пристап при внесување сексуално образование во основното образованиe, кршење на табуата за прашања поврзани со сексот и репродуктивното здравје резултирало со тоа земјата да стане една оние со најниска стапка на бременост кај малолетни лица и најнизок процент на сексуално преносливи болести. Исто така ученоците учат како да реагираат кога извесно однесување им е наметнато и непријатно.

Како битен сегмент истакнато е дека во Холандија младите стапуваат во сексуални реалции подоцна што е резултат на пристап кој претендира кон отворање на табуата не ја пренесува пораката (како тоа во САД) дека сексот е опасен и треба да се избегнува (со што го прави поинтригантен, форма на докажување и прикос при кршење на правилата) туку отворено учи за позитивните и негативните последици и го крши табуто на интригантност.

Понатаму, во Холандија системот дозволува флексибилност кога станува збор за начинот на кој ќе се обработи оваа тема, но мора да се однесуваат на одредени клучни принципи, меѓу кои се сексуалната разноликост и самодовербата.

Според тоа, учениците се поттикнати да ги почитуваат сите сексуални ориентации и им помагаат да развиваат вештини со кои ќе се заштитат од  сексуални притисоци, заплашување и злоставување.

Основниот принцип е јасен: Сексуалниот развој е нормален процес што го искусуваат сите млади луѓе и тие имаат право на јасни информации за таа тема.

Истражувањето спроведено меѓу младите на возраст од 12 до 25 години во Холандија, покажуваат дека кај поголемиот дел од младите, првото сексуално искуство било „посакувано и забавно“.  Во споредба со тој податок, 66 отсто од сексуално активните тинејџери во Америка, за истата анкета кажале дека се каат што не почекале да стапат за првпат во сексуален однос.

Девет од десет холандски тинејџери користеле заштита при првиот сексуален однос, а податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека холандските тинејџери се на врвот кога станува збор за користење пилули за контрацепција. Според податоците на Светска банка, прагот на бремени тинејџерки во Холандија е еден од најниските во светот, дури пет пати понизок од оној во Америка. Бројот пак, на заразени од вирусот HIV и многу други преносливи болести е, исто така, низок.

Постојат повеќе фактори кои придонесуваат за овие бројки. Достапноста на контрацепција е еден од нив. Кондомите, на пример, можат да се купат од автомат, а пилулите за контрацепција се бесплатни за младите под 21 година.

Без експлицитно споменувањето на сексот, децата уште на четири години зборуваат за сликата за себе и своето тело. Децата на 11 години разговараат за сексуалната ориентација и опциите кога станува збор за контрацепција.

поврзно:

(ВИДЕО) Сексуалното образование во Холандија