Најстарата ќерка на Мет Дејмон оздраве од коронавирусот

Најстарата ќерка на Мет Дејмон оздраве од коронавирусот

Најстарата ќерка на Мет Дејмон, Алексија оздраве од коронавирусот, соопшти американскиот глумец, кој со сопругата и двете помали ќерки е заглавен во самоизолација во Далки, Ирска.

Инаку, Алексија е во карантин во Њујорк, каде што студира.

„Таа имаше коронавирус уште од почетокот, заедно со своите цимери. Едвај чекам сите да се вратиме во Лос Анџелес и да бидеме заедно. Сите сме во ред, но за тештата и за мајка ми ова беше страшен период. Сите сме во изолација, го почитуваме физичкото растојание и редовно ги миеме рацете“, напиша Дејмон.

Тој додаде дека „се надева дека на крај ќе излезе и нешто добро“ од сѐ ова.

„За среќа, стапката на смртност не е толку голема како што можеше да биде“, вели тој.