ВИДЕО: Мицковски потврди дека ургирал во МВР, а снимката од теретаната била афера со боени ракавици

ВИДЕО: Мицковски потврди дека ургирал во МВР, а снимката од теретаната била афера со боени ракавици

На денешната прес-конференција Мицкоски призна дека му се јавил на функционерот кој отворил постапка за присуство на обезбедувањето во теретаната при силни мерки за забрана.

„Откако излезе онаа таканаречена афера со оние боени ракавици и така натаму, се јавив кај министерот Наќе Чулев и побарав број од надлежниот во МВР, бидејќи јас не го познавам органограмот, а инсистирав тоа да биде човек поставен од претходниот министер за да не излезе дека ние злоупотребуваме нешто во министерството. Јас сум јавна личност и нормално е политичкиот противник да ме нападне. Тогаш го добив именуваното лице и му напишав порака, тоа е вистина. Пораката е со следната содржина: ‘Здраво. Би сакал да се слушнеме. Христијан Мицкоски!’.

Мицкоски призна дека се јавувал да ургира во МВР

Мицкоски сам се закопа: Призна дека се јавувал да ургира и да влијае на истрагата во МВР, а дека телефон за ургенција му дал Наќе Чулев!И, уште нешто: Не било до отсјајот во теретаната, туку ракавиците биле „обоени“.

Posted by Seir on Петок, 22 мај 2020

Потоа именуваното лице ми се јави, остваривме разговор. Имајќи предвид дека моите разговори се слушаат, а зборевме и на обична линија, еве имаат дозвола од мене да го објават целиот разговор и да слушне јавноста што барам јас. Јас го барам следново: ‘Ве молам да постапите по закон и ве молам македонската јавност да ја дознае вистината час поскоро’“, призна Мицкоски дека му се јавил за неговиот случај на службеното лице и додаде дека „се јавува кај што треба, секаде каде што има неправда.