Мас: Европа мора да ја намали зависноста во здравствениот и енергетскиот сектор

Мас: Европа мора да ја намали зависноста во здравствениот и енергетскиот сектор

Европа треба да биде помалку зависна од другите земји во стратешките области, како што се здравствениот и енергетскиот сектор, им рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, на германските амбасадори собрани на онлајн конференција.

„Итно треба да ја намалиме нашата зависност во стратешките витални области: во здравствениот сектор, но подеднакво во однос на енергијата, информатичката технологија, храната, логистиката и суровините“, рече Мас во Берлин, јави ДПА.

„Кога се работи за здравјето и безбедноста на нашето население, ЕУ мора да гарантира сигурно снабдување“, нагалси тој.

Според него,тоа не значи отфрлање на слободната трговија.

„Но, рамнотежата помеѓу меѓународната поделба на трудот и ризикот од стратешка зависност мора да се воспостави на друг начин“, рече тој.

„Би сакал Германија и Европа да бидат пионери во ова“, додаде Мас.

Во упатствата до германските претставници за шестмесечното претседателство со ЕУ во втората половина на 2020 година, рече дека целта е да се обезбеди и европско влијание во светот по пандемијата.

Германскиот министер за надворешни работи рече дека пандемијата ќе има силно влијание врз надворешната и безбедносната политика и може да ги влоши глобалните нерамнотежи, иако не е јасно која држава ќе излезе победничка од пандемијата.

„Повеќето луѓе се обложуваат на Кина, но дали е тоа едноставно?“.

„Дали меѓународните компании ќе продолжат да произведуваат „навреме“ во Кина, ако причините за криза од овој вид не бидат разјаснети на проверлив начин“, додаде тој.

Мас исто така посочи на „искривената слика“ на САД што ја прикажува земјата со колапс на здравствениот систем и со огромна невработеност.