Казна од 500 евра за фрлање маска и ракавици на улица во Рим

Казна од 500 евра за фрлање маска и ракавици на улица во Рим

Во Рим се воведени казни до 500 евра за фрлање ракавици и заштитни маски на улица, според наредбата потпишана од градоначалничката на главниот град на Италија, Вирџинија Раџи.

Таа го нарече фрлањето користени раквици и маски за лице на улица „срамно однесување“ кое ќе биде „строго казнено“.

Италија е една од најтешко погодените земји од Ковид-19, каде што повеќе од 32.000 луѓе починаа како резултат на вирусот.