Иреални сказни од реалниот живот: Прашањето не е дали, туку, како македонската дијаспора треба да гласа!?

Иреални сказни од реалниот живот: Прашањето не е дали, туку, како македонската дијаспора треба да гласа!?

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), и формално, се обратила до до ДИК, барајќи одговор на бројните прашања за начинот на организирање и спроведување на изборите во дијаспората. Досега не добиле никаков одговор, те прашуваат: дали некој ќе сноси одговорност за “гувеењето” (за помладите – молчеливa млада невеста!) на институциите, прашуваат ОМД.

На ДИК и се ставаат на душа низа пропусти во врска со оневозможувањето на регистрација во избирачкиот список на голем број македонски граѓани со живеалиште надвор од Македонија.

-„Зачудувачки е фактот што во интензивните преговори за изборен датум, никој не ја споменува дијаспората. Се прашуваме дали и кому му сметаат ОМД и македонските граѓани ширум светот? Дали и зошто некој се противи да се регистрираат гласачите во избирачкиот список и да го остварат нивното уставно загарантирано право на глас”, прашуваат од ОМД. 

Да заклучиме: правото за гласање, нашите од дијаспората, или расејувањето, го влечат, пред се, од Уставот, од декларациите за човековите права,загарантирани на национално, европско и светско ниво, од нашето демократско општетство, кое, за како такво самото се декларира, од созананието (реалноста) дека се тие “еден од двигателите на македонската економија”, и, како што наведуваат, “најдобар промотор на Македонија во светот”.

И формално, и суштински, за се, тие се во право. Друго е прашањето на емоционалноста – наша и нивна, но, тоа влегува во сферата на вкусовите, а за тоа, нели, не се дискутира: Од Рим-папа, до денес.

Прашањето не е дали, туку, како македонската дијаспора треба да гласа

Покрај вкусовите, навистина, има една реална дилема, а тоа е фактот дека земјата плаќа многу пари за малку музика!”, но , иселениците и за тоа имаат одговор: ние сме една од најзначајните индустриски гранки, кои го полнат македонскиот буџет. И тука се во право. Проблемот, повторно, е кај нас, а не кај нив. Ако сакаме да иронизираме: како поинаку, заслужните партиски војници од изборната бирократија, ќе ги видеа Сиднеј, Мелбурн, Торонто, или европските метрополи!? Или, блиската Тирана, која, за време на едни избори, благодарејќи им на тогашниот амбасадор – наш колега, на Тодор Петров и на Едмонд Темелко, беше Цела Тирана – ВМРО-вски град!

Македонската дијаспора, политички (и финасиски), со децении наназад, е употребувана и злоупотребувана од разни пробисвети, политички мешетари, музичари и музиканти, играорци и оро-водци, неодговорни и лакоми клерици…

Во еден случај, пред многу години, еден наш колега од, сега (не)националниот сервис, отпатува да ја види Австралија. И да го видат, се разбира! Од таму, донесе репортажа, која остана запаметена, само, по прашањата кои ги поставуваше: “колку долари вие ќе дадете за Македонија!?

Пред триесетина години, за тогашната во светот престижна новинска агенција ТАНЈУГ, известував од Албанија. Во клучни моменти, кога се рушеше режимот на Енвер Хоџа. Во тоа време, формално, со земјата раководеше неговиот наследник Рамиз Алија, иако, всушност, сите конци ги влечеше Енверовата вдовица Наџмија, по корен од наш Дебар. Првата вест за рушењето на споменикот на Енвер Хоџа, на плоштадот Скендербег во Тирана, беше танјугова вест.

Новинар – со дисаѓите на рамо, питачи пари меѓу нашинците во Австралија!?

Нејсе, колегава кој беше тргнал во Австралија со дисаѓите на рамо!” да собира (питачи!) долари (постарите ќе се присетат – покрај името и презимето, имаше и нагален надимоки-Бане), побара, во живо, да се вклучам во дневникот што тој го водеше таа вечер. Го направив тоа, дури му обезбедив и филмуван материјал (во тоа време – вистински подвиг), а колегата, беше велокодушен – ме пушти на самиот почеток. Но, и многу вешт! Филмуваниот материјал, го пушти, уште еднаш, ама со свои коментари, во смисла: е, ова се тенковите на Рамиз Алија, е, ова се полициски кучиња, ова се демонстранти, ова е студентскиот лидер (Азем Ајдари –м.з.) кој го уби полицијата…!?

Нашите од светот, политички се злоупотребувани од сите власти – и од оние поранешните – комунистичките и од сегашниве, демек, демократски! Тоа го правеше и СДСМ, ама ВМРО ДПМНЕ, таа направија ја усоврши до невидени размери. Се сеќавате на гласањето во Скопје, кога сегашната спасителка на СДСМ – екс министерката Бетка, влечкаше гласачи, по триесетина од една адреса, од еден стан! Таа е сега угледна пратеничка, градоначалникот на Пустец (со живеалиште во Ресен!) заврши во притвор, а вечниот манипулатор Тодор Петров и натаму мува не го лази!?

Не сум сигурен дека ВМРО ДПМНЕ и натаму е со углед каков што го имаше. Сега по Австралија и Америка, главно, се изговара овдешното гесло: сите се исти”! Би сакал да верувам дека ставот на ОМД, дека живеачата во услови на пандемија и не е баш погодно време за избори, не е про- ВМРО-ски, туку автохтон и здраворазумски.

Во секој случај, тие се во право кога ќе напишат: “ги прашуваме лидерите на политичките партии и претседателот Пендаровски, како во услови на развиена технологија и модерен принцип на функционирање на светот, македонските власти не можат да обезбедат гласање по електронски пат и/или пошта?” Со тоа ја побиваат одбраната, одовде, дека гласањето во дијаспората е премногу скапа играчка, односно тезата – многу врева за ништо.

И овде и таму, поделени се мислењат а – за и против учеството на дијаспората

Во делот на емоционалноста, барем овде, а во добар дел и таму, поделени се мислењата – за и против учеството на дијаспората на изборите овде. За тоа и не треба некое посебно истражување .Социјалните мрежи се достаточен индикатор:

-Која дијаспора, ве нема ниту 6.000, гласјте си таму!

Само на хартија сте дијаспора не се замарајте, гласајте си таму!

Регистриран сум да гласам во амбасада во Вашингтон не таму.

Дојдете овде и гласајте. Зошто наши пари да се трошат за вас!

Тешко на државата која чека од вас пари. Фаќајте аеропланот, дојдете и гласајте!  

иди колкав е дефицитот и распрашај се кој го покрива.

 Владата самата изјави дека 20% од БНП се дознаки од странство. Тоа исклучува придонес од работењето на нашите инвестиции таму.

Дознаките од странство се само од Европа.

Таму плаќаш, таму гласај!

да сакам не можсм да гласам таму бидејќи не сум запишан во избирачки список. Мојата изборна единица е тука.  

иди колкав е дефицитот и распрашај се кој го покрива. Владата, самата изјави дека 20% од БНП се дознаки од странство.

Дијаспората, црковно – расејувањето треба и мора да биде вклучено и за одлучувањето овде.Мора само да се најде поадекватен начин, кој нема да не чини – финансиски Гласање само во Македонија, не се станува пратеник со двесте-триста гласови.

-Доагавме и пак ќе доагаме. И на вашите повици за протести доагавме, а вие дома се криевте и сеир си гледавте!

– Вам, таму, дома,човек и со кандило да ви свети-мана ќему најдете.Одговорот зошто доагам во Македонија е многу јасен – затоа што сум Македонка и си ја сакам Македонија.

Придонесувам во буџетот на Македонија неколку пати повеќе од просечен даночен обврзник таму. За тоа добивам скоро ништо. Немам здравствено, децата не добиваат никакво образование од таму, уште и станот што го имам ми е обиен!

 екој од дијаспората не направил лошо за Македоника?!? Мислиш можеби на Ден Дончев од Муртино?

-Вие пари испраќате на вашите блиски, а не на државата! Со закон да се забрани да не гласаат тие кои не плаќаат даноци!

Што дави кажам! Има и такви кои бараат, парите што се трошат за гласање, да ни ги обезбеди дијаспората! Некому му смета што на пикниците нашинците јаделе зелници, а собирале само по 10 долари за Македонија (како на Бане!).

За крај, избрав една ваква порака: Правото на глас е уставно право кое го имаат сите граѓани и кое државата треба да им го овозможи, независно дали јадат ќебапи, свинско, или се вегетаријанци.

Веле Митаноски