ГАЛЕРИЈА: Луѓе во карантин рекреираат славни уметнички дела

ГАЛЕРИЈА: Луѓе во карантин рекреираат славни уметнички дела

Како и многу културни институции, музејот Џон Пол Гети во Лос Анџелес е затворен поради ширењето на коронавирусот. Но кураторите нашле начин да го задржат вниманието на луѓето и да ги ангажираат да се вклучат во своја уметност односно да „рекреираат уметничко дело со предмети (и луѓе)“ од комфорот на нивните домови.