ФЕМА предвидува во САД голем пораст на смртните случаи од Ковид-19 во САД

ФЕМА предвидува во САД голем пораст на смртните случаи од Ковид-19 во САД

 – Во САД од 1 јуни се очекува голем пораст на смртноста кај пациенти инфицирнаи со новиот корнавирус, се наведува во документот на Федералата агенција за менаџмент на вонредни ситуации (ФЕМА), во кој имаше увид „Њујорк тајмс“.

На почетокот на летото, во САД ќе починат  околу 3.000 луѓе во едно деноноќие. Така, порастот на смртни случаи ќе биде поголем од сегашните показатели за речиси двапати. Сега во САД се забележани околу 1.750 фатални случаи дневно.

Притоа, при крајот на месецов се предвидува бројот на новозаразени дневно да се зголеми до 200.000 лица, многу повеќе од сегашниот просек од околу 25.000.

Американските власти овие податоци ги обезбедија откако ФЕМА изработи статистички модели за внатрешна употреба, за динамиката на ширењето на Ковид-19 во САД.

-Резултатите се обесхрабрувачки и ја откриваат тажната вистина: Додека САД во изминативе седум недели се на колена, ништо се нема променето. И отварањето на економијата може само да ги влоши работите, истакнува „Њујорк тајмс“.

Експертите сметаат дека отварањето на економијата ќе ја врати земјата назад во средината на март, кога имаше многу брз пораст на нови случаи, а во некои делови на САД пациентите умираа по холовите на болниците, затоа што здравствените устаниви беа преоптоварени.