Два брачни пара се истепале меѓу себе

Два брачни пара се истепале меѓу себе

Два брачни пара се истепале меѓу себе синоќа во Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти полицијата, вчера околу 21 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата Јордан Џурнов, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу А.М. (45) и неговата сопруга Е.Ј. (42), од една страна и С.К. (36) и неговата сопруга А.К. (34) од друга страна.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.