Чулев: Видеото е мал гест за благодарност кон полицајците

Чулев: Видеото е мал гест за благодарност кон полицајците

По информациите во медиумите дека министерот за внатрешни работи бил присутен на снимање на спот по повод Денот на полицијата, вечерва во време на полициски час, каде имало голем број полицајци и полициски возила, Наче Чулев на својот профил на Фејсбук напиша:

„Ја информирам јавноста дека вечерва во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ се снимаше кратко видео по повод Денот на полицијата, а со кое Министерството за внатрешни работи ќе се заблагодари за придонесот на полициските службеници, здравствените работници, припадниците на армијата и сите други во справување со коронавирусот.

🔊 Не станува збор за никаква злоупотреба на полициските сили, туку за еден мал гест со кој ќе се заблагодариме за нивната секојдневна жртва, ќе се валоризира нивната посветеност во заштита на здравјето на граѓаните, a истовремено ќе се подигне нивниот морал. Воедно, потенцирам дека со денешните активности во ниту еден момент не се нарушени тековните активности на Министерството за внатрешни работи.

Доколку некои од моите колеги во Министерството за внатрешни работи ја спори важната улога на полициските службеници во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните го повикувам јавно да го каже тоа.

За мене тие се хероите, така ќе биде и во иднина и тие ги заслужуваат сите наши пофалби и признанија.